Искусен професионалец, со над 25-годишно искуство во индустријата.
Како магистер по логистика и менаџмент на синџири за снабдување, тој поседува длабока експертиза во развојот и дизајнот на логистички операции и оптимизација на процеси.
Од 2014 година Бежоски е директно инволвиран во ширењето на портфолиото на логистички проекти на Quehenberger Logistics во Македонија, вклучувајќи го и имплементирањето на најголемиот проект за договорна логистика во Македонија со површина од 13.500 м². Бежоски моментално ја извршува функцијата директор за продажба и маркетинг. Одговорен е за продажба, планирање, развој и лансирање на нови услуги од областа на логистиката и транспортот на македонскиот пазар. Неговиот фокус е насочен кон воведување на глобалните стандарди и иновативни услуги на домашниот логистички пазар.