Владимир Трпаноски е Директор за продажба на домашен пазар во Витаминка АД Прилеп и член на Оперативниот тим на директори. Магистер е по менаџмент со долгогодишно искуство во областа на продажба, маркетинг и дистрибуција.
Кариерата ја започнува во 1997 година како регионален менаџер за дистрибуција и мерчендајзинг во Фереро, Италија. Во 2003 година се приклучува на Витаминка, каде до 2010 година ја извршува функцијата шеф на службата за мерчендајзинг и управување со клучни купувачи.
Од 2011 година е член на Управниот одбор на Витаминка и Комерцијален директор, одговорен за продажба, маркетинг и логистика. Во периодот од 2014 до 2017 година ја извршува функцијата директор за продажба за Македонија и Србија.
Од 2018 година до денес ја извршува функцијата Директор за продажба на домашен пазар, каде активно придонесува кон развојот и унапредувањето на продажните стратегии на компанијата.