Александар Бојаџиски е директор на производство на пиво и член на Senior leadership team на „Пивара Скопје“, со долгогодишно искуство во водење производствени процеси и процеси за континуирано унапредување. Во својата улога Александар е одговорен за Еnd2Еnd производствен процес на пиво, имплементација на иновации и инвестиции.
Со повеќе од 13 години во FMCG индустријата, со водење интерфункционални тимови, богато искуство во производство на пиво и оптимизација на процеси, тој игра клучна улога во воведувањето иновативни производи, вклучително и лансирањето на Skopsko Weiss — првото македонско пченично пиво. Тој поседува силна експертиза во комбинирање традиционални техники на пиварство со современи производствени стандарди.
Поседува меѓународно искуство како Packaging Manager во HEINEKEN EE&GDF, каде што обезбеди поддршка за greenfield пиварница со градење капацитети на локација и спроведување стандарди и обуки за време на воведувањето на локалното производство на HEINEKEN брендови.