Офелија Бајо е дипломиран правник со долгогодишно искуство во царинскиот систем, законодавството и управувањето. Најголемиот дел од својата кариера го поминува во Царинската управа, каде извршува повеќе стручни и раководни функции.
Има значајно искуство во креирање и имплементација на царински процедури, усогласување со ЕУ законодавство и раководење со комплексни проекти, вклучително и национални системи за царина и едношалтерски решенија. Во периодот 2021–2023 година ја извршува функцијата помошник директор на Секторот за царински систем и активно учествува во процесот на пристапување кон ЕУ.
Моментално работи како оперативен менаџер во Red Sped (логистика, брокерски услуги и транспорт), каде е одговорна за организациски развој, управување со човечки ресурси и стратешко планирање. Паралелно, ангажирана е како експерт за законодавство на проектот за воспоставување на Национален едношалтерски систем за царина, со фокус на усогласување на националното законодавство со европските стандарди.