Виолета Митковска е сениор финансиски лидер со повеќе од 17 години професионално искуство во финансиското управување, со експертиза во контролинг, финансиско известување, планирање и анализа, и моментално ја извршува функцијата Head of Controlling, Reporting and P&A во Atlantic Grupa во Македонија. Во текот на својата кариера, таа има значајно искуство во водење и развој на високоефикасни тимови, целосна P&L одговорност и имплементација на процеси насочени кон зголемена оперативна ефикасност и одржлива оптимизација на трошоци. Препознаена е како стратешки бизнис партнер на менаџментот, со силен аналитички пристап и фокус на донесување одлуки базирани на податоци, долгорочна вредност и одржлив раст.