Горан Антевски е управител на компанијата Раде Кончар-ТЕП, со повеќедецениско искуство во електро-индустријата и индустрискиот менаџмент. Во текот на својата кариера работел на повеќе раководни позиции, меѓу кои извршен директор, директор на развој и раководител на оператива, со фокус на организација на производствени процеси, воведување нови производствени линии и унапредување на деловните перформанси.

Магистер е по машински науки, со насока индустриски менаџмент и организација, а своето знаење го надградувал преку специјализирани обуки во Јапонија за иновативен менаџмент и организациски развој.

Антевски е активен и во деловната заедница како член на повеќе управни и советодавни тела, вклучувајќи ја Стопанската комора на Македонија и Комерцијална банка. Неговата работа е препознаена со бројни национални и меѓународни признанија за корпоративно управување, општествена одговорност и бизнис лидерство.