Тој е искусен експерт за логистика со повеќе од 18 години искуство во FMCG и логистичката индустрија. Во моментот е на позицијата Менаџер за логистика во Nelt ST,каде што игра клучна улога во оптимизирање на процесите во дистрибуцијата и логистичките услуги на територијата на Северна Македонија.
Неговата експертиза опфаќа управување со синџирот на снабдување и имплементација на различни системи и технологии кои се составен дел од секојдневното работење на компанијата: SAP, Системите за управување со магацин (WMS GOLD), Систем за динамично рутирање на доставните возила (Sky Track), EDI размена на податоци и Дигитализација на процесот на испораки меѓу позначајните. Тој е носител на MBA титули од Универзитетот во Шефилд и Машинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, комбинирајќи технички знаења со стратешко лидерство.
Во текот на својата кариера, Методија успешно водел проекти со висок импакт, вклучувајќи ја сертификацијата на Nelt ST како Овластен Економски Оператор, отворањето на крос-док локации, како и инсталација на фотоволтаичен систем на покривот на објектите, демонстрирајќи посветеност кон оперативна ефикасност и одржливост.
Дополнително, Методија го споделува своето знаење на бројни настани, вклучувајќи предавања и самити, што го прави препознатлив глас во секторот за логистика.