Од 2013 година, Дино Шкријељ е еден од клучните креатори и носители на логистичката стратегија во компанијата КОЛА. Во својата улога, тој е одговорен за континуирано унапредување и оптимизација на логистичките процеси, со посебен фокус на управување со залихи, развој и стандардизација на процесите за складирање и дистрибуција, како и оптимизација на трошоците во сегментите CAPEX и OPEX.
Пред приклучувањето кон тимот на КОЛА, Дино има повеќе од 11 години искуство во рамки на Техномаркет Групацијата. Во овој период, шест години беше одговорен за управување со логистичките процеси во Македонија, а пет години ја извршуваше функцијата генерален директор на Техномаркет Црна Гора. Ова искуство значително придонесе кон неговата експертиза во водење на мултидисциплинарни тимови, развој на лидерство во логистиката, обезбедување високо ниво на услуга и успешно креирање и оптимизација на логистички процеси.
Како дел од стратешкиот менаџмент на компанијата КОЛА, Дино е активно вклучен во креирање и имплементација на стратешки иницијативи насочени кон зголемување на оперативната ефикасност, одржлив раст и унапредување на целокупниот логистички систем.